Над 50 % помалку одобренија за градба во споредба со лани

loading...

Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 процента помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.319.609.000 денари, што е за 63,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходгниот период беше издадено одобрение за градење магистрален транспортен топловод во Пелагонискиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (67,2 процента) се наменети за објекти од високоградба, 22 (12,4 проценти) за нискоградба и 36 (20,4 проценти) за објекти за реконструкција.

Кај 123 објекти (69,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 (30,5 проценти) се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 610 станови, со вкупна корисна површина од 46 493 метри квадратни.

Translate »