Почина режисерот Милош Форман

На 86 годишна возраст денеска почина чешкиот режисер Милош Форман, чии американски филмови “Лет над кукавичјото гнездо” и “Амадеус”, добија многу Оскари, меѓу кои и за најдобар режисер.

Според поранешниот агент на режусерот, Форман починал околу 2 часот утринава во болницата Данбери, во близина на неговиот дом во Ворен, Конектикат.

Тој е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството минал во дом за деца без родители.

Во 50-те години на минатиот век почнува да се занимава со снимање филмови, како еден од претставниците на „златната генерација на чехословачката кинематографија“. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман се наоѓа во Париз, од каде емигрира за САД и во 1975 година добива американско државјанство.

Translate »