Што прво гледате на сликата : Жена, маж, оган или свеќник?Откријте во што се разликувате од другите

Можеби за себе имате едно мислење, а  реалноста е сосем поинаква. Преку овој едноставен тест можете многу да  откриете за себе. Сликата подолу  е составена од повеќе илустрации. Вие  само треба искрено  да одговорите:Што прво гледате на сликата?

ОБЈАСНУВАЊЕ:

Свеќник
Имате широк поглед на светот. Плановите секогаш ви се величествени. Но, понекогаш заборавате на деталите, на нијансите. Вие имате големо срце. Луѓето често ве искористуваат. Морате да бидете претпазливи и внимателно да ги избирате пријателите.

Жена
Вие сте суптилни и сензуални. Сакате да го идеализирате животот и затоа понекогаш не водите сметка за реалноста која ве опкружува – летате во облаци. Тоа и не така лошо, ако се земе предвид дека се помалку има  романтични души. Но, од друга страна,  светот во кој живееме може да биде комплициран и разочарувачки. Важно е, од време на време, да се вратите во стварноста.  Во спротивно,  животот ќе ви се претвори во постојано прескокнување пречки.

Маж
Вие сте мирна личност и луѓето кои се околу вас  се чувствуваат безбедно и заштитено. Во комуникацијата сте концизни и не зборувате многу. Промислени сте и креативни. Се контролирате и внимавате како се однесувате. Она што не  е за пофалба , е тоа што не се грижите доволно за своите блиски. Затоа,  посветете се на луѓето кои ги сакате. Само така и тие, но и вие,  ќе бидете посреќни .

Оган
За вас може да се каже дека се разликувате од повеќето луѓе. Вашиот начин на размислување отскокнува од стандардното. Вие имате сопствена визија на светот. Дури и оние кои ви се блиски, понекогаш не ве разбираат. Но, тоа и не е толку важно! Важно е вие да не се менувате и да останете какви што сте. Не дозволувајте да ви ја уништат самодовербата. Напротив, зајакнете ја и ќе биде се во ред.

Translate »