Мајка на три деца скокнала од крузерот на “патувањето на нивниот живот”

Сопругот стоел веднаш до неа кога Наташа Шофилд (47) скокнала  преку оградата на бродот. Тој се обидел во последен момент да ја фати за нозе, но предоцна, океанот  ја проголтал жената.  Патувањето со крузерот требало да биде еден од најубавите моменти во  животот на австралиското семејство. Нивните три деца , две ќерки и син на возраст од 12-16 години, биле заедно со нив на бродот, но во моментот на самоубиството биле во своите кабини.

Со децата и сопругот

Наташа и нејзиниот сопруг само што вечерале.  Инцидентот се случил во близина на Нова Каледонија. Спасувачките екипи веднаш тргнале во потрага . Во почеток давеничката била видлива на површината на океанот , но брзо ја покриле брановите.

Последните моменти

 

“Се обидовме да ја спасиме, но ветрот беше силен а брановите високи , хеликоптерите и спасувачите се уште се на теренот, но шансите се навистина мали”, изјавил капетанот на крузерот. Целата несреќа била снимена со надзорни камери. Полицијата потврди дека се работи за самоубиство, најверојатно поради психички  проблеми.

Наташа Шофилд со сопругот

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »