Крвави игри на 12 годишни девојчиња , инспирирани од интернет

loading...

Двете девојчиња Аниса Веиер и Морган Гејсер веќе 4 години  се во ментална институција, едната е затворена на 20,   а другата на 40 години.  На денот кога го извршиле злосторството имале само 12 години.

 

Морган Гејсер, фатена веднаш по злосторството

 

Аниса, соучесничка во крвавиот пир

На 3 мај 2014 година, тие ја викнале нивната другарка  Пејтон Лотнер да играат криенка  во шумата, во  близина на гратчето Вокеша, Висконсин.  Девојчето прифатило, не знаејќи дека нејзините другарки со денови кроеле планови како да ја убијат со нож за да му се допаднат на  “Слендермен “, лик од интернет кој ги плаши децата.

“Слендермен е виновен за се”

Кога почнале да се играат  во шумата, Аниса и Морган го извадиле кујнскиот  нож од ранецот, ја собориле другарката и почнале да ја бодат. Ѝ нанеле  19 убоди, по рацете, стомакот и нозете.

Фотографии од облеката кои ги објави полицијата 
Крвавата облека како доказен материјал

Едниот од убодите бил само неколку милиметри далеку од  срцето. Откако им здосадило , ја оставиле да лежи на земја  и ѝ рекле дека ќе викнат лекар, но си отишле директно дома. Масакрираната Пејтон некако успеала да излезе на патеката каде ја нашол велосипедист и виkнал брза помош и полиција. Веднаш ја  хоспитализирале и  успеала да преживее. Аниса и Морган  биле уапсени, а во нивниот ранец се уште бил ножот со кој ја нападнале другарката.

Ножот си го ставиле назад во ранецот
Морган плаче за време на судењето, не сум виновна…, ке биде затворена 40 години во ментална институција

 

Аниса доби 20 години во ментална институција

Пејтон сега  е одлична ученичка во средно училиште, но спомените од кобниот ден се уште се живи , а раните се уште болат.

Преживеав, но лузните ме потсетуваат дека не смеам никого да му верувам- Пејтон Лотнер

 

Translate »