Руска воена подморница ја бркаше британската подморница по Медитеранот како мачка што брка глушец

Пред најавениот коалиционен напад врз Сирија,  во водите на Медитеранот се случуваше вистинска бркотница мегу руската воена подморница наречена “Црна дупка” и британската подморница, пишува Дејли Мирор. Британскиот весник пренесува дека нивната подморница вооружена со томахавк ракети со дострел од 1 600 километри постојано  бегала бидејќи  зад петици и бил рускиот  уништувач на подморници. Руската подморница  е исклучително брза затоа што се движи на дизел мотори , а  вооружена е со моќен арсенал на торпеда , крстосувачки и против бродски ракети. На ловот на британската подморница подоцна се приклучиле и две руски фрегати и борбен авион.Во нападот врз Сирија , коалиционите сили соопштија дека истрелале над 1000 ракети , но ниту една не била испукана од британската подморница.

Британската подморница во водите на источниот Медитеран

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »