Прегазено дете во Ѓорче Петров, граѓаните револтирани

На улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров  вечерва е прегазено 10 годишно  дете.

Според првичните информации автомобил од марката “опел астра” удрил во детето,  кое веднаш било пренесено на клиника. Детето се здобило со тежок потрес на мозокот, но е  во стабилна состојба, објави телевизијата Канал 5, повикувајќи се на болнички извори.

Ова е четврта сообраќајна несреќа во последните месеци на истата улица во Ѓорче Петров.

Група граѓани излегоа на улицата во знак протест, барајќи  побезбедни услови за сообраќајот. Револтирани се бидејќи општината ги игнорира барањата да се постави светлосна сигнализација и лежечки полицаајци  на кобното место, каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

Translate »