Ривалство меѓу ѕвездите : зошто се мразат Том Круз и Џон Траволта?

loading...

Двајцата се познати актери , но тоа не е причина за  нивното ривалство.  Проблемот е многу подлабок и лежи во сиентолошката црква на која тие и припаѓаат.

Траволта и Круз, пријатели само пред камерите и фото-апаратите

Ривалството почнало откако  Круз му станал “омилениот син” на  црковниот лидер Дејвид Мискевиџ, наместо Траволта, кој претходно со години бил  ѕвезда број еден на моќната сиентолошка  црква.

Ново пријателство : Круз со водачот на сиентолошката црква

Во 2008-т-а Круз добил и медал за заслугите во црквата, а Траволта тогаш  буквално пукнал од завист, раскажуваат за Дејли Мејл црковни извори. Непријателството се  засили откако Круз доби посебни привилегии во вип хотелот на црквата.

“На Круз во “Сендкесл” не му даваат картичка за собата, тоа е навреда за него, тој мора да го има целиот кат за себе. Кога доаѓаше со децата, тие секогаш беа сместени во другото крило на хотелот , заедно со наставниците и воспитувачите, и никогаш не можевме да го видиме заедно со Том. Тој целото време го поминуваше со духовниот лидер на црквата Мискевиџ, заедно одеа да гледаат филмови и да возат мотори. Траволта никогаш не го третираа така, раскажува еден од чуварите во хотелот, кој веќе не е во црквата.

 

 

 

Хотелот на сиентолозите во Флорида

Translate »