Борисов: Се обраќам на балканската политичка елита -Заборавете на егоизмот!

loading...

“Сите се подготвуваат за средбата во Софија. Таа ќе биде многу интересна. Се обраќам до целата  политичка елита на Балканот – заборавете на егоизмот. Егоизмот може да му нанесе само штета на Балканот. Просперитетот доаѓа од  инвестициите и инфраструктурните проекти. Само така можеме да создадеме работни места и да ги задржиме младите луѓе на Балканот”, изјави Борисов на прес конференцијата по средбата со престедателот на Косово Хашим Тачи.

Бугарскиот премиер ја потенцираше важноста на дијалогот мегу Приштина и Белград.

“Европската Унија на сака проблемите на двете држави да се пренесат во Европскиот совет и таму да се караат двајцата премиери. Памет  не сакам да давам. Тоа сум  го научил. Можам само да дадам  совети. Треба да си ги  решите проблемите. Двајцата  премиери  треба заедно  да бидат затворени неколку дена : да  разговараат, да се разберат  и  да потпишат. Така направивме и ние со Македонија. Треба да покажеме пред Европа, дека можеме да си ги  решаваме проблемите.  Треба да  покажеме,  дека сме тргнале по еден пат и враќање назад нема”, истакна Борисов.

Translate »