Која земја во регионот е воено најмоќна, а на кое место се наоѓа Македонија?

loading...

Балканските држави не се исклучок во светската трка за вооружување. Последните години сме сведоци дека  во регионот Србија и Хрватска најмногу вложуваат во својот воен капацитет. Порталот “Global Fire”  направи листа на воената моќ на  вкупно 136 држави во светот. Македонија се наоѓа на 118 место, со 8 000 активни војници, 31 тенк, 14 хеликоптери, вкупно 20 авиони од кои 10 транспортни и 10 за тренинг.

Хрватска најдобро се котира во регионот, таа е на 72 позиција, шест места подолу е Србија, на 78 место. Црна Гора е  на 121-то место. Иако Србија по бројот на војници е нajдобра, нејзиниот индекс е послаб поради квалитетот на оружјето кое го поседува. Хрватска, како членка на НАТО, има помодерно вооружување и затоа се рангира на повисоко место.

На првото место на светот , според порталот, се наоѓаат САД, на второ место е  Русија, па следат Кина, Индија, Франција, Велика Британија….

 

Translate »