Прилепчанец 8 години трпел болки од заборавена газа во грлото по операција

На 9 годишниот прилепчанец Сотир Петрески пред 6 дена му откриле газа во грлото стара 8 години која што пак претходно му ја заборавиле лекарите на максилофацијална хирургија во Скопје кои што го правеле операција од карцином на субмадибуларна жлезда во ноември 2010 година, пренесува Сител.

Неговата состојба се влошила пред околу 5 месеци, тој оди постојано на контрола и живее во големи болки, а примил и две хемотерапии, се до 7 овој месец, ден пред Велигден, кога му пукнала старата рана. На 11-ти хирурзите во прилепската болница му ја пронаоѓаат газата. Петрески моментално не беше во состојба да зборува.

– Срамота е ова што се случува во нашите болници, како може лекарите и целиот персонал да не гледаат што работат и да видат што има внатре пациентот. Јас тргам мака веќе 7 години, тој го болеше, но кога појди нема ништо ни велеа. Ни даваа само лекарства. Лекарства примавме секакви, имам и од онкологија лекарства, цела пензија давав за тоа. И што му помогна тоа ништо. Сега кога излезе ова му се олесни на човекот. Гној му течеше премногу, јас бев на лице место таму, сопругот мој плачеше од болки кога му ја вадеа газата, вели Илка Петреска, сопруга на Сотир Петрески.

 

Од одделението за максилофацијална хирургија во Прилеп го потврдија случајот, но не сакаа повеќе да коментираат. За ова Петрески имаат фотографи и документ од прилепската болница.

– Срамота е за здравството ова што се случува. Треба лекарите да си ги отворат очите. 8 години да носиш страно тело нема да се разболиш ? Не сакам јас да ги осудат лекарите, не сакам да ги избркаат од работа, само да си ја признаат вината тоа сакам и да не се повтори овој случај на друг пациент, додаде Илка Петреска, сопруга на Сотир Петрески.

Според неговата сопруга Петрески сега се наоѓа подобра состојба, но вели дека наскоро планира да поднесе тужба против максилофацијална клиника во Скопје за овој случај.

Translate »