Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Дигиталниот самит

loading...

По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што на 18 и 19 април (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на денешниот ден (17 април), од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).
Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.

Translate »