Случај ,,Монструм,,-Сонував како му ги врзуваат рацете на детето и плачев

Родителите на децата што беа убиени кај Смилковското Езеро на денешното рочиште побараа да се утврди улогата на обвинетите и како тие се поврзани со настанот, односно да се видат пораките на петте функционери на ДУИ пренесе Макфакс.

„Се слушаше гласот на Фејзи Азири и непознатото лице: „Вечерва сонував лош сон. Сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев. Си велев, да не нè се израдувам, да не нè го завршам тој никаквец“, цитира Зорица Наќевска, мајката на Александар, дел од транскриптот од разговорите.

Наќевска побара да им го вратат телефонот на синот бидејќи бил важен за нив, а додаде дека децата во четвртокот биле убиени, а до петокот до погребот им течеле солзи.

„Сите што си поигруваат со нашите деца треба да се плашат од тие солзи“, рече додаде Наќевска.

Таткото на убиениот Александар, Горан Наќевски, побара премиерот Зоран Заев да биде стражарно приведен и го обвинија дека поради политички причини, иако ветил, не им ги дава имињата на петте функционери од ДУИ кои се дел од прислушуваните разговори. Наќевски додаде дека Заев веќе им покажал транскрипт од разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и екс градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

„Сметаме дека во седиштето на СДСМ се наоѓаат тие материјали. Бараме да се изврши претрес бидејќи сметаме дека Заев манипулира и уценува“, рече таткото Наќевски.

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена изјави дека пред речиси два месеца се видел со мајките и со семејствата на децата што беа жртви во петкрарното убиство кај Смилковското Езеро и заклучиле дека случајот треба да му се остави на судството.

 

,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »