Почина шведскиот ди џеј Авичи

Ди џеј Авичи, кој соработуваше со ѕвезди како што се Мадона и  Колд Плеј почина на 28 годишна возраст во Оман. Неговото право име е Том Берглинг, а во светот на музика стана познат под псведонимот Авичи. Семејството на Швеѓанецот побара да се почитува нивната приватност во овие  моменти на жалост и загуба. Познатиот музичар е познат по хитовите “Левелс ” и “Вејк ми ап” , а четири години се наоѓаше на листата на најплaтените ди џеи на списанието Форбс, со заработка од 57 милиони долари .

Translate »