Ураган направи пустош во Москва

Ураган пустоши во Москва, според најновите информации, во невремето се повредени 17 лица, а двајца загинаа. Двајца од повредените се во многу тешка состојба, соопшти раководителот на секторот за здравство во Москва Алексеј Хрипун. Претходно градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека 12 лица се повредени, а едно девојче загинало во невремето во Москва. Девојчето кое беше во многу тешка состојба, лекарите за жал не успеаја да го спасат.

-Изразувам длабоко сочуство до нејзините родители, напиша градоначалникот на Москва на Твитер.

Невремето го поремети и авиосообраќајот – најмалку седум летови се откажани, а 28 одложени. Агенцијата Тасс наведува дека 20 лица се повредени, од кои 7 се задржани во болница.

View image on Twitter
Силен ветер скриши стотици стебла во Москва и градските служби се ангажирани за да ги отстранат последиците од силното невреме.
Извор: Сител
Translate »