Љубовницата на “Mини Ми”- Ме третираше како сексуален роб!

 

Актерот Верн Тројер , попознат како Мини Ми во филмот “Ostin Pauers” беше ” контрол фрик” опседнат со секс , но и со самитот себе и својата слава . “По цели денови” висеше ” на интернет, читајќи што пишуваат за него”, сведочи неговата екс љубовница .

Малечкиот Верн,  заработил милион долари, глумејќи во филмовите на Мајк Маерс, а во времето на својата популарност ја завел Рене Шрајдер, висока 167 сантиметри.

“Me третираше како да сум сексуален роб. Ми наредуваше што, како и кога да правам. Тогаш имав 23 години, а тој 40. Одевме само шест месеци, но беше неиздржливо. Ме доведуваше до солзи со својата злоба и тешките пијанства, вели Рене.

Таа и Тројер се запознале на забава за Нова година, во вилата на Хју Хефнер во Холивуд.  Потоа почнале да живеат заедно, а Рене тврди дека таа плаќала половина од киријата иако работела како келнерка во “фаст фуд” ресторан, обидувајќи се да се пробие на големото платно.

 “Тој беше поделена личност. Од една страна беше смешен и забавен , а од друга , ужасен и злобен, гневен на светот и депресивен”, раскажува девојката.

Двојката се разделила во јули 2008-та година, откако на интернет протекла снимката на нивниот секс, снимена од Верн Трејер  во заедничкиот дом.

Тројер почина на 50 годишна возраст, откако претходно беше примен во болница во алкохолизирана и депресивна состојба.

Рене Шрајдер, бившата девојка на Тројер

 

 

Translate »