Дали да пиете вода со оброкот или откако ќе се најадете?

loading...

Сигурно досега сте наишле на двете теории поврзани со консумирањето вода за време на оброкот. Едната вели дека тоа не е добро за организмот, додека нутриционистите, од друга страна, велат дека пиењето вода додека јадете не е никаков проблем. А трети научни експерти од оваа област истакнуваат дека нема цврсти научни докази за тоа.

Многумина по оброкот пијат вода или сок, особено ако храната била солена. Едни нутриционисти тврдат дека тоа го успорува варењето на храната, додека други не ја гледаат разликата.

Противниците на пиење вода за време и по јадењето кажуваат дека на тој начин се разредува киселината во желудникот (се пореметува нејзината pH вредност), која е неопходна за правилно разградување на храна и апсопција на храниливи материи. Со тоа целиот процес трае подолго, што може да доведе до различни попречување и надуеност.

Shot of a couple drinking glasses of water together at home

Тие советуваат дека доколку мора да пиете вода за време на јадењето, тогаш да се напиете само една голтка.

„Доколку пиете вода веднаш по јадењето, го пореметувате природното време за варење на храната. Препорачувам да не пиете ништо половина час пред и по јадењето. Во тие 30 минути, вашиот систем веќе влегува во следната фаза од варењето“, објаснува нутриционистката Анџу Суд.

Некои студии покажуваат дека е потребно да се направи таа разлика, бидејќи тоа помага во апсопцијата на важни хранливи материи.

„Пиењето на вода веднаш по јадењето ги разредува желудочните сокови, вклучувајќи ги и ензимите важни за варење. Тоа може да резултира со помало излачување на ензимот за варање, што може да предизвика киселини во стомакот“, додава нутриционистката.

Со спротивно мислење е докторот Мајкл Пико од клиниката Мејо.

„Не треба да се загрижуваме дека водата ќе ги разреди желудочните сокови или дека ќе го пореметат варењето на храната. Пиењето на вода за време и по оброкот помага во процесирањето на храната, со што вашето тело може да ги апсорбира хранливите материи. Водата, исто така, ја омекнува столицата, што помага во спречувањето на констипација“, вели тој.

Translate »