,,Ова е најдобриот бран во мојот живот,, -Млад сурфер загина од ураганот Ирма

Загина еден од најдобрите млади сурфери во светот 16-годишниот Зандер Венеција на островот Барбадос , сурфајќи на брановите кои ги создаде ураганот Ирма. Оваа негова забава го чинеше живот.

И покрај лошите временски услови и предупредувања за моќниот  ураган Ирма, Венеција, заедно со пријатели одлучија да сурфаат на плажа на источниот брег на Барбадос. “Ова е најдобриот бран во мојот живот”, рече младиот човек. За жал, тоа беше неговиот последен бран. Во еден момент, еден бран го префрли, и тој со главата удри во гребен.  – На местото каде што сурфаше имаше многу камења. Зандер почна да крвари и веќе не се помрднуваше. Ние се обидовме што е можно поскоро да го изнесеме од морето, но поради невремето беше тешко – рече неговиот колега Алан Бурк. Според него кога пристигнале во болницата, Венеција дишел, но набрзо починал. Венеција во август добил престижна награда за сурфање натпреварување кое се одржало на брегот на Северна Каролина. Ураганот Ирма досега однесе најмалку десет жртви на островите Свети Мартин, Сен Бартоломеј, Ангвила и Барбуда, . Се смета за најсилна  најсилна бура во историјата , а сега се упати кон Флорида.

Translate »