Ваши сојузници во исхраната

 

Домат, патлиџан и ѓумбир-треба да бидат постојано на вашата трпеза

Доматот штити од ракот на простата

Доматот  треба постојано да биде на вашата трпеза. Неговата интензивна црвена боја потекнува од каротеноидот на ликопенот, кој има антиканцерогени својства. Особено е здрав домашниот сок и сос од домати бидејќи преку механичката обработка стимулираме испуштање на ликопенот. Овој силен антиоксиданс го намалува ризикот од ракот на простата и го спречува развојот на истиот.

Модриот патлиџан е  идеален за здраво срце

Патлиџанот е корисен за здравјето на срцето, го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги зацврснува ѕидовите на артериите и ги опушта напнатите крвни садови. Богат е со калиум. Содржи многу влакна кои ја спречуваат опстипацијата, како и комплекс на Б-витамините кои смируваат. Не го обработувајте премногу термички за да не изгуби од хранливите својства.


Ѓумбирот ја отстранува надуеноста

Истражувањата покажале дека ѓумбирот го забрзува празнењето на желудникот. Оние кои страдаат од надуеност и гасови, треба да пијат ѓумбир превриен во врела вода. Овој пијалок се пие наутро, на празен стомак за да ја подобри работата на цревата. Треба да изрендате или да исечете на тенки ливчиња парче ѓумбир и да ги прелиете со филџан жешка вода. Оставете го да отстои 10 минути пред да го консумирате.

Translate »