Грозјето ги спречува воспаленијата

Грозјето е една од најмоќните алкализирачки намирници, а притоа е лесно сварливо и многу корисно, бидејќи делува лаксативно. Содржи витамини од групата Б, Ц, А , и минерални соли. Во него има драгоцени флавоноиди, особено во лушпата и тоа најмногу во црвеното и црно грозје. Овие состојки, како и ресвератрол, имаат антиоксидантно и противвоспалително дејство. Содржи прости шеќери, но не предизвикува скок на шеќерот во крвта. Ако сте една недела на терапија со грозје, ќе почувствуваате дека енергијата ви се враќа. Нутриционистите советуваат да консумирате повеќе грозје по болеста или кога минувате низ период на психофизички стрес. Грозјето содржи и мелатонин, супстанца која се користи против несоница и пореметувања на сонот. Ставете грозд во вода, во која претходно сте ставиле сок од лимон за да се растворат нитратите кои евентуално се наоѓаат во лушпата.

Семките во зрната се исклучително богати со полифеноли. Маслото од семките се додава во салати, а се користи и за правење козметички препарати за лицето и телото – совршено делува против стареењето, го спречува создавањето флеки на кожата, дури и ги елиминира.

Сокот од грозје ја разретчува крвта и на тој начин придонесува за спречување на мозочниот и срцев удар. Составот на сокот од грозје е многу сличен на мајчиното млеко, само што е без протеини.

Лушпата на грозјето исто така не е за фрлање бидејќи содржи флавоноиди и други супстанци кои делуваат благотворно на организмот.