Неработни денови во Македонија

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (недела), Нова година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 мај (понеделник), Ден на трудот
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители
  • 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден
  • 2 август (среда), Ден на Републиката
  • 8 септември (петок), Ден на независноста
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (петок), св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 1 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (четврток), Ден на наставата на турски јазик
Translate »