Џулија Робертс има афера со Ричард Гир
Актерката Џулија Робертс и камерманот Дени Модер ќе се разведуваат. Причината за тоа е наводно аферата на актерката со Ричард Гир вели извор близок до актерката.
Според истиот извор, бракот на Џулија и Дени е одамна e во криза, а чашата ја прелеале нејзините чести и не толку тајни средби со Гир.
Ричард и Џулија заедно снимија два филма, „Убава жена“ и „Невестата бегалка“, а по подолго време се сретнаа во 2015 година кога гостуваа заедно во емисијата „Тудеј шоу“ за да ја одбележат 25-годишнината од премиерата на „Убава жена”.