Кошаркарот Дејан Јовановски кандидат за градоначалник на О. Центар на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Дејан Јовановски ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно ги објави сите кандидати за градоначалници за престојните избори, но до последен момент го чува во тајност името на кандидатот за Општина Центар.

Дејан Јовановски ќе му се спротистави на Саша Богдановиќ од СДСМ на локалните избори.

Јовановски е поранешен кошаркар кој во периодот 2012-2013 година бил спортски директор на Работнички, а подоцна работел и во Агенција за млади и спорт.

Во мај 2016. беше назначен за генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, но по неполн месец се повлече од позицијата, а од 30. јули е и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.