НАТО бродови впловија во Црна Гора

Постојаната поморска група 2 на НАТО, составена од два британски, еден француски и еден грчkи брод, впловија во пристаништето во Бар.

Целта на посетата е засилување на односите на НАТО со морнарицата на Црна Гора, како нова членка на Алијансата.

Припадниците на морнарицата на НАТО во Бар ќе учествуваат на низа спортски манифестации за подобро да се запознаат со црногорските граѓани.

Translate »