Пет работи кои Оле Поцкова од ,,Зевзекманија,, никогаш не би ги направила

Оле Поцкова дипломираше филмска и телевизискиа монтажа на ФДУ и е магистер по визуелни уметности.  Над 20 години работи на тв проекти , документарни филмови и емисии. Три години е дел од актерската екипа на емисијата ,,Зевзекманија,, што се емитува на Канал 5 телевизија и е вистинско освежување во емисијата. Таа одговори на прашањето на радар.мк: Кои 5 работи никогаш не би ги направила?

 

  1. Никогаш не би се капела со ајкули. Сум гледала видеа на интернет, авантуристи влегуваат во кафез и пливаат буквално  до ајкулите. Кога го видов тоа, си реков, јас такво нешто никогаш не би направила.
  2. Никогаш не би се сончала топлес во Дојран или во Охрид.
  3. Никогаш не би сакала да живеам на село, па макар и со Џони Деп, по цел ден треба да  бидам со гумени чизми и бели подвезици, а јас сум љубител на црни.
  4. Не би сакала да бидам Груевски, да имаш толку многу пари,  толку работи што можат да се видат, а пасошот да не ти врши работа.
  5. Никогаш не би сакала да дигам тешко, а озгора и да плаќам за тоа.