Бакал – место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот,  Во преубавата атмосфера во Бакал секоја средба се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.

Ресторанот Бакал и досега важеше за магично место со навистина посебен амбиент. Угостителски објект со прекрасна градина, каде се внимава на најмалите детали каде се мора да биде совршено и проверено. Бакал дефинитивно е место од соништата за сите гурмани и хедонисти. Место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења, т.н. угостителско свето тројство! Не е случајно што пред една година беше и номиниран за 50-те најдобри ресторани во светот, според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креира. А познатата социјална мрежа TripAdvisor го рангира како број 1 ресторан во Македонија и го препорачува на посетителите.

Реновираниот ресторан Бакал нуди максимална интимност, вонвременско уживање за долго помнење. Идеално се споени новото со традиционалните корени и македонската традиција, истакнувајќи го чувството на фамилијарна топлина и љубезност.

 “Формулата за успех, е непрекината работа и страст, како и посветување внимание на секој детал. На вложување максимален напор во секој аспект од ресторанот,  следење на рецензиите за ресторанот и комуникација со клиентите со цел да се информираат и да ги решат потенцијалните лоши искуства”, вели неговиот менаџер Мики Симјановски.

Обновената градина е нешто посебно. Фотинии, липи, јапонски јавор, и други цвеќиња и декоративни растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце со прекрасни риби, кое дава посебен спокој. Од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. Бакал е вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.

Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка меленана камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Translate »