Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!

Интервју со Васил Филипов –Пирин Експорт

Кои се ефектите врз здравјето?

Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, место за уживање, сауната обезбедува  бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивата, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис. Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Благодетите од користењето на сауна се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат  и позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото, длабинска детоксикација, подобрување на циркулацијата на крвта, а сауната позитивно влијае и на сонот и имунитетот

Колку време е препорачливо да се седи во сауна?

Сесијата во Финска сауна обично трае од 10 до 15 минути, а температурата варира од 70 – 110 степени целзиусови. Но тоа е индивидуално, и варира според можностите и потребите на секој поединец. Она што треба да се знае е дека при високи температури кои се постигнуваат во сауна, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од  болестите и вирусите. Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења. Во водата може да се додада еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта. Така што во услови на загаденост сауната е особено потребна и е прашање на здравјето.

Kолку често Македонците посетуваат сауна?

Стресот кој го носи брзото темпо на живот, се поголемите секојдневни обврски и брзиот биоритам се повеќе ја наложуваат потребата од релаксација и ослободување на стресот. Тоа е и причина помладата генерација на менаџери и бизнисмени кои можат да си дозволат финансии и време за релаксација често да си дозволат по некое спа-уживање, како што се бањи, масажи и сауни. Во последно време освен посета на спа-центри се повеќе станува пракса и изградба на мини спа центри во сопствените домови или монтажа на сауни. Комодитет кој си го дозволуваат бизнисмените и менаџерите свесни за влијанието врз нивното здравје. Токму поради тоа речиси и да нема хотел и фитнес центар кој нема сауна и мини спа центар. Тие што пробале сауна брзо ги осетија бенефитите и таа е веќе дел од нивниот секојдневен живот.

 

Што е новитет на ова поле?

Дефинитивно тоа е сауна со хималајска кристална сол. Хималајската сол која е вградена во тулите на сауната, ја прочистува кожата, корисна е за третирање на акни, помага при проблеми со псоријаза или егзема, го зајакнува имунолошкиот систем и го детоксицира телото. Таа исто така е корисна  за луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, поленска грозница, со циркулација и хроничен умор. А оние кои ја пробале несомнено ќе констатираат дека користењето на Сауна со хималајска кристална сол е уникатно релаксирачко искуство. Во услови на голема загаденоста на воздухот, особено во зимскиот период и тоа посебно во градските средини, не можеме едноставно да се затвориме дома и да се изолираме од светот. Но она што можеме да го направиме е да создадеме услови, со кои ќе си помогнеме да се исчистиме од сите отрови кои секојдневно ги вдишуваме. Хималајска сауна има антибактериско својство, го разредува и го олеснува исфрлањето на секретот и го олеснува дишењето. При вдишување на воздухот, солта патува низ синусите и дишните патишта, ја апсорбира влагата, ги чисти дишните патишта и ги уништува бактериите. Ја стабилизира неправилната работа на срцето, го регулира сонот, го успорува процесот на стареење. Навистина неверојатно!

Колку чини една сауна и колкави се трошоците за нејзино одржување?

Една комплетно опремена сауна од Пирин Експорт за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 1800 а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Трошоците за користење на сауна  на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (вклучена печка 1час, зависно од јачината на печката), ќе се потроши струја во вредност од 200 – 500 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35 – 50 минути, зависно од температурата што сакате да се постигне. Сауната лесно се одржава, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.

Повеќе инфо на https://www.facebook.com/PirinExport.Kozha.Sauni.Spa/

Translate »