Илчо Захариев доби кривична пријава

Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев, доби кривична пријава поради сомнение за сторено дело злоупотреба на службена положба, информираа од СВР Штип.

Тој, како што велат, спротивно на законските прописи и без наведен основ склучил договор со штипска фирма при што нанел штета на општинската каса од 1,5 милиони денари.

– Имено, И.З. пребил наплатени парични средства во висина од 1.567.619 денари по основ на уредување на градежно земјиште за парцела на улицата Гоце Делчев во Штип од 2004 година, и наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари – соопштија од СВР Штип.

Translate »