Заштитете се од вирусни и бактериски инфекции во зимскиот период

Препораки од д-р Билјана Ристова како да ги поминете наредните месеци без антибиотици и да се заштитите од грипот и настинките.

Што претставува инфекцијата?

Инфекцијата се појавува при внесување на патолошки микроорганизми (вируси, бактерии, габички, паразити и др.) во нашето тело. Симптомите на болеста , коишто се резултат на микробната инвазија, се должат на нивно размножување, со што организмот почнува процес на борба. Сепак, симптомите зависат од видот на причинителот, моментната состојба на имунитетот на организмот и од генетските особености.

Најчестите заболувања, од кои секој од нас заболува барем еднаш годишно, се грипот и вирусните инфекции на горните дишни патишта. Тоа е така бидејќи вирусите се пренесуваат по воздушен пат.

Најважното во профилаксата и лечењето на овие заболувања е засилувањето на имуниот систем. Голем удел во тоа имаат лековитите растенија. Тие се препорачуваат повеќе од синтетските препарати, поради

нивната висока ефикасност и лишените несакани ефекти.

Ова време во годината зачестуваат заболувањата како грип, вирусни инфекции, воспелние на уво нос и грло и воспаленија на дишните патишта. Симптомите зависат највеќе од силата и способноста на организмот да се спротивстави на самите причинители. За разлика од антибиотиците, кои имаат дејство само на определени бактерии или определена група на бактерии, растителните имуностимуланси целосно го поткрепуваат имунитетот, а со тоа се постигнува истото дејство како со антибиотиците, дополнително без несаканите дејства.

Двата најмоќни фитоимуностимулатори се екстрактите од ехинацеја и мачкини нокти. Освен што го подигнува степенот на имунитетот, екстрактот од ехинацеја го блокира ензимот хиалуронидаза, кој што го има во повеќето вируси. Со тој ензим, вирусите ја разградуваат хијалоуронската киселина и полесно навлегуваат во клетките. Не помалку ефикасен е екстрактот од мачкини нокти, кој многу експерти го препорачуваат против вирусот кој предизвикува СПИН. Исто така, за овој екстракт е докажан и антиканцероген ефект.

Низа микроелементи и витамини, покажуваат исто така имуностимулирачко дејство. Дел од нив се витамините A, C, E микроелементите селен, цинк, сребро и тн.

Комбиниран препарат кој се употребува за стимулација на имунитетот е „Имуно комплекс“ од Фитолек. Големо значење се дава на фактот што овој препарат ги содржи мешавините на имуностимулирачки витамини и микроелементи, како и екстрактите од ехинацеја и мачкини нокти.

Кои се причините за грип ?

Грипот се појавува од 3 групи грипни вируси – А, В и С. Тие се поиздржливи на ниски температури, па тука е тајната зашто најчесто ваквите инфекции се појавуваат на поладното време.

Како се пренесуваат вирусите?

Грипот се пренесува по воздушен пат, преку зборување, кивање или кашлање. Грипните вируси можат многу брзо да се променат при начините на кој организмот е навикнат да реагира, па затоа не може да се создаде траен имунитет.

Кои се симптомите на грип?

Инкубациониот рок е краток – од 12 до 48 часа. Болеста започнува со покачување на температурата до 40oC. Болните се малаксани, имаат болки во очите, мускулите и ектремитетите. Поради воспалението на дишниот систем, се јавува и кашлање, кое при подолго нетретирање и слаб имун систем, може да премине во крваво искашлување. При хронично заболување, доаѓа до посложено воспаление, односно воспаление на белите дробови – пневмонија и миокардитис.

 Доктор Билјана  Ристова  е  претседател на “Македонското медицинско  хомеопатско здружение” 

Translate »