Прва помош во стресна ситуација

loading...

  • Најбрз и најлесен начин да ја промените  стресната состојба во која се наоѓате е да направите нешто со своето тело: помрднете се, станете, испијте чаша вода , направете нешто што ќе ве дефокусира. Ова нема  да ги елиминира причините на стресот и да го реши проблемот, но ќе ви помогне малку да здивнете и да ви се разбистрат мислите.
  • Целото свое вниманите фокусирајте го на дишењето. Правете го тоа на следниот начин:  вдишете преку нос, длабоко во  подрачјето на абдоменот (така да ви се шири стомакот при вдишувањето).
  • Издишувајте се  додека не го испуштите  целиот воздух од белите дробови ( можете да издишувате преку устата, но многу полека , притоа испуштајќи  го звукот “хааааааа”) повторете го ова 3-4 пати. Важно е целосно да се фокусирате на дишењето. Дишете преку  стомакот.Ова ќе ви го смири телото и мозокот.
  • Ситуацијата во која се наоѓате согледајте ја од повеќе страни:  што  би направил некој друг да е на ваше место…или погледнете ја ситуацијата отстрана, од високо, како да не сте засегнати лично вие, така полесно ќе сфатите што ви се случува и зошто сте под стрес.
  • Гласно дефинирајте кои се причините за вашиот стрес. Можете тоа да го напишете и на хартија и гласно да го прочитате…верувајте ќе помогне.
  • Размислете за смешната страна на проблемот. И кога ви е најтешко , хуморот може да го промени текот на вашите мисли и да ви ја олесни ситуацијата.
Translate »