Корисни совети за овошјето

  • Немојте да јадете зелени банани бидејќи можат да ви го отежнат варењето.
  • Дињата е исклучително здрава и помага во алкализација на организмот, но на нејзината кора  може да се развие салмонела, така што пред да ја исечете  секогаш треба да ја измиете.
  • Калинката е одличен извор на калиум, но нејзините семки можат да ви создадат проблеми при  варењето.
  • Кивито е богато со витаминот Ц, содржи многу малку пестициди, но од друга страна често предизвикува алергија поради што не се препорачува да се консунмира во големи количини, особено не кај децата.
  • Греjпфрутот е одличен антиоксиданс, но може да го намали дејството на антидепресивите и лековите за холестерол и хипертензија.
Translate »