Дали газираната вода е еднакво здрава како обичната?


Гласините дека газираната вода може да го наруши здравјето не се вистинити.

Меурчињата во газираната вода доаѓаат од јаглерод диоксидот , кој буди сомнеж . но не го спречува вашиот организам во апсорпција на влагата. Едно истражување покажало дека по напорниот тренинг , газираната вода ја надополнува изгубената течност под еднакво добро како обичната вода.
Исто така не се точни информациите дека газираната вода е штетна за вашите заби .Јаглеродната киселина која се создава со врзувањето на H2O и CO2, може да предизвикаат ерозија на забната коска, но само ако се работи за големи количини .И ако вашата сода има овошни киселини или шеќери кои предизвикуваат кариес,затоа слободно пијте газирана вода, вашата насмевка е сигурна советуваат стоматолозите.
Не е точно дека додава сантиметри на вашиот струк
Вистина е дека голтањето мали меурчиња воздух може да предизвика надуеност, но тоа не е долгорочно. Научниците открија дека газираната вода дава поголемо чувство на ситост од обичната вода особено ако ја пиете на празен желудник. Што по сито се чувствувате , толку е помала веројатноста да се прејадете