Д-р Билјана Ристова :Победете го стресот со лековити растенија

loading...

 

Препораки од д-р Билјана Ристова како да го совладате стресот. Докторката порачува – Не сте вие единствените  кои сте под стрес!  Истражувањата покажуваат дека дури   63% од луѓето подлегнуваат на  стрес  и не  можат сами да се справат со него.

 

Д-р Билјана Ристова

Кои се основните причини за стрес ?

Причините се многубројни и разновидни: финансиски проблеми,  притисоци од срединатa, чувтсво на изолираност, невреднување на трудот,семејни проблеми, немање контрола врз нештата,  мобинг…

До што може да доведе стресот?

Медицинските експерти  укажуваат дека стресот може да  биде тригер  за околу  90% од познатите заболувања. Тоа се објаснува со фактот дека тој го  ослабнува имунитетот и ја нарушува работата на сите органи  и системи во организмот.При продолжен стрес  се нарушува метаболизмот на сите витамини и минерали ,  неопходни за правилно функционирање на клетката  и се нарушува размената на материите .

Најчести  здравствени проблеми  предизвикани од  стресот  се:

-Нервни и психоемоционални проблеми како :растревоженост, депресија,неврози,емоционална нестабилност, промена на расположението,возбуденост,агресивност,гнев,расеаност, пореметување на концентрацијата,главоболка ,несоница,вртоглавица,парастезиии по различни делови од телото,кошмари ,хроничен умор итн.

-Проблеми со срцето  и крвните садови:висок крвен притисок,исхемична болест на срцето,срцебиење,аритмии,нарушена циркулација, студени раце и нозе и др.

-Проблеми со дигестивниот систем:стомачни болки,опстипација,цревни спазми ,

-Кожни проблеми од различна природа:исип,чешање,косопад,

-Нарушена размена на материите  со зголемување на шеќерот,холестеролот и заболувања на тироидната жлезда,брзо намалување или зголемување на телесната тежина,целулит и др.

-Предвремено стареење на организмот

-Урогенитални проблеми :менструални пореметувања,стерилитет,пореметена потенција,чести позиви за уринирање,уринарен дискомфорт.

-Различни алергични појави

Што да направиме за да се справиме со стресот?

Модерната медицина создала многубројни лекарски препарати како антидепресиви,антиседативи,препарати со релаксирачко дејство, но сите тие имат странични ефекти и многу  контраиндикациии за нивно користење. Најлошо е тоа што голем дел од нив  ве прават да станете доживотни зависници од нив.

Ако  сакаме да ги избегнеме сите овие несакани ефекти ,треба да се свртиме  кон лековитите растенија .Посебен ефект  дават комбинациите од неколку растителни  екстракти ,чие   взаемно дејство го засилуваат нивниот  ефект   и одлично дејствуваат врз нервниот систем.

Една таква одлична комбинација има Антистрес  комплекс на Фитолек ,нејзиниот состав е резултат на многубројните проучувања на д-р Марјан Иванов  во областа на психоемоционалните растројства  .

Антистрес  комплекс -Фитолек содржи : екстракти од валеријана,мента ,пасифлора ,камилица,жолт кантарион  магнезиум  и витамин В6. Последниве , во мозокот ја  ја стимулираат продукцијата на хормонот на среќата  -серотонинот, кој го подобрува расположението и успешно ја решава  нервната напрегнатост .  Со користење на 1-2 капусли на ден,  самостојно или во комбинација со стандардните лекови,  Антистрес  комплекс-Фитолек  ја  подобрува психоемоционалната  состојба   и го подобрува квалитетот  на сонот.

Translate »