Видео:,, Ми кршеа прст по прст,, вели младата Каталонка која ја почувствува полициската бруталност

Меѓу многуте видеа со полициско насилство  за референдумот во Каталонија што завршија на социјалните мрежа во неделата, исто така е и видеото во кое полицијата ја повреди Марта Торесијас, која се обиде да гласа во институтот Пау Кларис во Барселона. На видеото се гледа како полицајците ја влечат жената на подот. Таа заврши во болница со повреди и скршени прсти.

 

Ме фрлија на скалите и ми ги искшија прстите еден по еден, а при тоа ме ги допираа и градите додека се смееја изјави Марта Торилјас

 

 

Полицијата се обиде да го спречи одржувањето на референдумот, а резултат на тоа беа над 800 повредени. 

Translate »