Почина независниот кандидат за советник кој беше застрелан

Носителот на независна листа советници во Кичево ,Алит Абази кој беше застрелан на 27 септември во вооружен инцидент во  Кичево, почина утрово на Скопските клиники, како последица на здобиените повреди.

Од Хируршките клиники информираат дека и покрај сите напори на лекарскиот тим, Абази починал во 4 часот утринава.

Во инцидентот покрај него, беа ранети и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.

Абази беше опериран следниот ден и до пред неколку дена беше во стабилна состојба.

 

Од Основното јавно обвинителство по увидот  дека во Абази пукал А.А. и тоа од зад грб. За МВР овој инцидент не е поврзан со кампањата и локалните избори.

Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник во општина Кичево, Алит Абази, доби 30-дневен притвор. 58 годишниот А.А. од кичевското село Горно Строгомиште, веднаш беше уапсен.

Translate »