Катица Јанева влезе со полиција во канцеларијата на Владимир Панчевски

Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со полицијата врши претрес во канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, дозната Телма од свои извори.

Tаа дошла во судот 12.30, каде биле присутни и полицајци во цивилка.

Пред да влезе не кажала зошто е тука , и рече дека потоа ќе даде дополнителни информации.

Телма веќе објави дека само петнаесетина минути по пристигнувањето на Јанева, која била заедно со обвинителката Ленче Ристовска, во Оснониот суд пристигна и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

-Тој не даде повеќе детали за неговото присуство во судот, само кратко ни рече: „Вие знете зошто сте дошле“. Но кога му кажавме дека сме за сосема друг случај, тој ни одговори: „Кога ќе биде зе мене ќе знаете и ќе ви одговорам“ – пишува Телма.

Мијалков денеска во судот бил редовно да се пријави, како превентивна мерка која му ја определи судот по барање на СЈО

Translate »