Заврна снег на повеќе места во Македонија

Попова Шапка  утрово се разбуди под снежна покривка. Со наглото заладување со пад на температурите  познатиот скијачки центар беше покриен со снег. Од УХМР јавуваат дека утрово на Маврово има снежна покривка од еден сантиметар.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, денеска ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, односно ќе надминат 20 литри на еден квадратен метар. Вакви врнежи ќе има претежно во западните и во северните делови од земјава, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

На планините над 1.500 метри надморска височина ќе наврне снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час, кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.

Дневната температура ќе се движи од 3 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, до 8 степени крајниот исток. Во Скопје дневната температура ќе биде околу 10 степени, во повардарието и на крајниот југоисток 15 до 16 степени, а во охридско-струшкиот регион до 13 Целзиусови степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Translate »