Научниците потврдија: Првите деца се поинтелегентни од вторите

Во истражувањето објавено во Journal of Human Resources, економистите од Универзитетот на Единбург и Универзитетот на Сиднеј докажале дека децата кои се постари постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, отколку нивните помлади браќа и сестри. Истражувачите користеле податоци од 5000 деца од Американското биро за статистика.

Според нив, причината за тоа е фактот дека за првородените деца родителите вложуваат повеќе време и напор за активности кои го стимулираат нивниот мозок, како што се читањето, слушањето музика и различните игри. Тоа е така бидејќи кога ќе се родат вторите деца, родителите веќе не минуваат време со нив.

Голем број истражувања потврдуваат дека детската игра и престојот во природа се важни за физичкото и емоционалното здравје на децата, директно подобрувајќи ги когнитивните функции, отпорноста и имунитетот.

Во милиони години човечка историја, децата отсекогаш си играле на отворено, во природа, или пак играле улоги од светот на возрасните, како доктор, фризерка, https://www.facebook.com/deksiko/ мајстор, играјќи притоа со различни сетови на играчки според тоа што сакаат да бидат. Играле улоги од реалниот свет, во жива интеракција со другите деца. Додека пак, за разлика од порано денешниве деца се поистоветуваат со славни youtuberi, “заразени” со гледање видеа на телефон, компјутер или на таблет.

Родителите имаат ниска свест дека детската интеракција и физичката активност се незаменливи. Наместо тоа, за да и самите одморат, свесно ги оствават со новите технолошки направи, несвесни дека со тоа им прават само штета, зголемувајќи ја веројатноста децата да станат поагресивни, зависни, асоцијални, да живеат во еден нереален виртуелен свет.

Слободната игра е клучна за развојот на децата

Translate »