Монструм посвоил бебе и го убил

31 годишниот Британец Метју Скали-Хикс е обвинет дека  ја убил посвоената  18 месечна ќерка .

Тој го убил девојчето, само  две недели,    откако формално ги потпишал документите за нејзино  посвојување заедно со својот партнер и брачен другар.

Претходно ја напуштил работата за да му  се” посвети” на  бебето кое потоа , со месеци,  го  тепал и  физички малтретирал. Малата Елзи  починала  од удари во глава, покажала истрагата.

Метју Скали Хикс со партнерот

 

Oчувот  постојано се жалел  дека детето е неиздржливо и дека премногу плаче.  ” Ова е ужасно, ова е пекол!  Не можам повеќе да ја слушам, не престанува да плаче! Девојчево е  дете на Сатаната!” еднаш на телефон му рекол на својот пријател.

Уште во 2015-та Елзи  била дадена во домот на  двојката, но формално била посвоена осум месеци подоцна. Убиецот по професија бил фитнес тренер, а со партнерот се запознал  во Португалија, а подоцна и се венчале.

Во тек е судењето на обвинетиот во Велс.