Мирјана Мирчевска: Неостварена желба ми е да направам документарец за пингвините

Новинарката Мирјана Мирчевска -Јовановиќ  заврши политички науки во Скопје, а потоа и постдипломски студии во Сараево за  документарци и за репортажи. За своите стории редеше награди. Прва награда во 2009-та година од УНДП на тема сиромаштија, а потоа ,,Бекстејџ,, ја прогласи за успешен новинар во 2015. Неодамна таа ја доби трета награда од Советот за етика.

Таа веќе девет гoдини работи како новинар во Канала 5 телевизија. Кариерата ја започна во А1 телевизија.

Кои стории сакаш да  ги работиш?

Приказни, репортажи за која било тема  работам со години. Во Канал 5 работам во ресорот здравство и социјала, но и религија. Но, омилени ми се репортажите. Првите вакви репортажи од приватните телевизии пред 6 години ги почна Канал 5, за среќа и голема благодарност до сите бев избрана да ги работам. Изработивме 37 репортажи на терен со снимателите и возачите, а потоа со монтажерите уживавме во монтажата. Прекрасен тим на луѓе.

Приказната за Малиот Иван и неговата баба навистина не потресе сите, како дојде до нив ?

Ми се јави ја нивни соседи, ме побраа во Канал 5, гледале дека работам вакви стории и не се откажувам додека не се реши проблемот. Со Иван имав четири приказни. Многу големи приватни компании и институции реагираа по прилозите и им го решија проблемот. Иако сега им треба помош се уште немаат паркет во куќата.

Често во телевизиските прилози има приказна,но останува на тоа нема разврска, ти продолжи да ги соголуваш институциите и да ги покажуваш аномалиите на општеството преку приказната со 9 годишното дете. Што беше најинспиративно за тебе во оваа сторија?

Во оваа приказна пред се бабата на Иван е веќе возрасна жена таа се грижи за него, многу е позитивна личност  и тоа се рефлектира и на  Иван. Среќно дете со она малку што го има. Најомилено за јадење му се,, јајце на око,, и ќебапи. Многу деца не го почитуваат тоа што го имаат, Иван е добра приказна за сите да  научиме да го почитуваме животот. Тој во објавените приказни за прв пат проба сладолед од 50 денари, корнет. Некои деца  имаат и добиваат многу и повторно се несреќни.

Се случило ли некогаш, некој да инсистира да оди некоја приказна, а ти да не сакаш да ја работиш, знаеме дека новинарите изминативе години беа изложени на притисоци?

Не, јас сум немала таков проблем. Секогаш со доверба од страна на уредниците и раководството ми биле прифатени сугестиите, зошто некоја приказна не е за објавување.

Те гледаме на малите екрани, но ти си и мајка на две деца. Како се справуваш ,телевизиската работа бара многу жртви, новинарите во телевизиите работат и за викенди и за празници?

Среќна сум што имам фантастични свекор и свекрва. Секогаш ми помагаат околу чувањето, со нив знаеме дека децата се на сигурно. Секако одлично се снаоѓа и Предраг со Петар и Софија кога сум дежурна на работа. Често знам кога има итни ситуации и со децата да дојдам на јавувања во живо. Се случило јас да известувам, а Софија да си игра со каблите. Секако дека се мирни, зошто потоа следува награда за нив“.

Што сакаш да правиш кога не си на работа?

Сакам да се дружам со пријателите, во денешно време имаме многу малку време да излеземе и да се дружиме. Тоа ми се најубави моменти. Овие денови, времето залади, па јас уживам дома со децата и сопругот и најчесто им служам како модел за шминкање и играње.

Што треба да се смени во телевизиите ?

Мислам дека треба да има повеќе релаксирани документарни филмови.

Неостварена желба…?

Да правам документарец за пингвините и нивниот живот .

 

Translate »