Д-р Билјана Ристова – Алергија болест на 21-от век

Алергијата претставува  хиперактивност на имунолошкиот систем на надворешни материи  , кои обично се безопасни и не го загрозуваат директно телото како(прав, полен, храна и други).

 

Супстанции кои најчесто предизивикуваат алергија :

  • Домашен прав
  • Особено силна алергиска реакција може да предизвика убодот од пчела
  • Полен на расцветените дрвја и треви
  • Храна, Домашни животни
  • Лекови и метали
  • Бои
  • Конзерванси
  • Адитиви
  • Ароматизатори и  згуснувачи – тие се користат за прашкасти супи, кремови и десерти. Најсилно алергизирачки згуснувачи се: Е 412 – вид брашно, наречено гуаркер, Е 413 и Е 414 – гума арабикум.
Д-р Билјана Костова Ристова

 

Најчести симптоми  на алергиите

Кивање, слузава секреција или затнат нос, чешање на очите и кожата .Поретко се јавува упорна  кашлица или тешкотии при дишењето.

Понекогаш акутната алергиска реакција се манифестира со брза појава на силно иритирана  кожа со осип, на изглед како “надразнета од коприва”, која може да го опфати и целото тело.Во многу тешка и акутна фаза може да доведе и до оток на ларинксот кој е опасен по живот – т.н.. “Едем на Квинк” или бронхијален спазам со отежната респираторна функција.При алергиски состојби е важно да се обрне внимание и на наследниот фактор.

 

Различно лекување на алергиите

Класичната (конвенционална) медикаментозна терапија за алергиите дејствува така што ја потиснува алергиската реакција. Во моментот кога ке се прекине со  лековите – многу брзо  доаѓа до враќање на симптомите. Тоа ги прави пациентите, понекогаш доживотни претплатници на фармацевтската индустрија, коja ја потиснува успешно хиперактивноста на организмот, но резултатот на ова лекување се се побројните штетни и несакани ефекти врз организмот.

Различно лекување е  комплекс од заштитни мерки, што  овозможува ослободување  од симптомите на алергија и од зависноста кон лековите. Овој комплекс вклучува :

-разумен живот, со почитување на некои едноставни правила:избегнувајте ги запрашените  и непровретрени места,намалете или прекинете со пушењето ,бидете физички активни,

-хомеопатска терапија (која е целосно безопасна, дури и кај бебиња, бремени жени и доилки), ја стимулира противалергиската заштита на организмот ,не ве прави зависни од терапијата   и за краток  период од година,две ја елиминира хиперсензитивноста на организмот спрема било кој алерген ,ја одредува лекар –хомеопат.

– нутритивната терапија ,  преку  спроведување на правилна исхрана и  користење на додатоци, помага заедно со другите мерки успешно да се справиме со алергијата.

Антиалерго на Фитолек со својот состав ја обезбедува  потребната концентрација на  минерали, витамини и растителни екстракти  на  организмот.

Состав:калциум,магнезиум,витамин  Ц, Д3, Б6, Цинк и ленено масло

 

 

 

 

Translate »