Пеколна журка на 5-ти ноември во МКЦ ви ветува “Reduced to ashes”

Бендот “Reduced to Ashes” e  составен од 4 членови: Игор Грачанин-вокал,  Наско Џорлев-гитара , Петар Спасовски-гитара,  Иван Томиќ-тапан. Велат дека моментално бараат басист.  Свираат екстремен метал и постојат веќе две години. Се стремат кон светски квалитет иако велат дека андерграунд сцената кај нас се уште се развива.  Зад себе имаат десетици  свирки. Следната е на 5-ти ноември во МКЦ.  Заедно со  YÖU  и со  Spectrum ќе направиме свирка која нема да ја заборавите, порачуваат металците.
Иако знаеме дека момциве се доволно луди да направат се што ќе им падне на памет, сепак ги прашавме кои пет работи никогаш, ама баш никогаш,  не би ги направиле и еве ги одговорите:

1. Никогаше не би свиреле турбо фолк и народно, освен на свадба на некој металец. Тогаш може, ама  една, по можност “тешкото” оти е хард,  и тоа само ако сака невестата.
2. Никогаш не би свиреле пијани од проста причина што не би  можеле да си ги отсвираме ” стварите”,  многу ни се комплицирани.
3 .Никогаш не би скршил гитара на сцена за добар настап, вели гитаристот Петар, премногу ја сакам.
4. Никогаш не би одложиле свирка дури и да сме мртви болни, дури и некој од нас  да има  скршена нога. Ти ставаат гипс и цел концерт го свириш седнат како Dave Grohl од ” Foo Fighters”.
5. Никогаш не би повредиле некој ако скокнеме врз публиката оти метал е тоа!
Translate »