Здивот открива од што сте болни-Дијабетесот мириса на ацетон, цирозата на влажна земја

Непријатниот здив или халитозата може да биде многу одбивен феномен, а истражувањата покажуваат дека секој втор човек го има овој проблем.

 

Непријатниот здив е симптом на многу состојби и болести. Понекогаш и самите го забележуваме присуството на непријатниот здив  или, пак,  на тоа ни укажуваат блиските пријатели. Интензивноста на мирисот зависи од:  периодот на денот, староста , но и од некои физиолошки состојби,  како што е на пример менструалниот циклус кај жените.

Непријатниот здив е најизразен наутро , по будењето. Во текот на ноќта се намалува плунката и тогаш се развиваат бактериите.

Во текот на денот лачиме голема количина на плунка и таа ги испира остатоците од храната. Недостатокот на плунката може да предизвика лош здив.

Сувата уста и лошиот здив може да биде последица на земање на некои лекарства , заболување на жлездите кои лачат плунка или постојаното дишење  на уста. Кандидата на јазикот исто така може да биде причина за непријатниот здив, велат лекарите.

Честа причина  се расипаните заби, воспалените десни и пародонталните џебови . И лошата хигиена на меѓузабниот простор предизвикува ваков проблем. Оралната хгиена е примарна за решавање на ваквата состојба.

Воспалени синуси, обична настинка или ангина исто така можат да бидат причина за непријатниот здив.

Лековите за депресија, лошата хидратација и  некои патолошки процеси во организмот, можат да влијаат на појавата на овој проблем.

Сите болести на дишните патишта предизвикуваат лош здив, бидејќи носот е поврзан со усната шуплина.

Непријатниот здив се јавува и во следните случаи:

  • Карактеристичен е за пациенти со цироза на црниот дроб, при што здивот има мирис на влажна земја
  • Кај пациенти со хронични бубрежни состојби и кај пациенти со уремија се чувствува мирис на амонијак
  • Кај дијабетичарите здивот има мирис на ацетон
  • Кисел здив се чувствува при високи темепeратури, проливи, повраќања…
  • Непријатниот здив се јавува и по вадење заби и други оралн0-хируршки интервенции
  • Кај лица со афти и други вирусни инфекции во устата
  • Кариес, скршени заби, пародонтални џебови во кои се распаѓаат остатоци на храната