Пуџдемон повикува на мирен и демократски отпор против Мадрид

loading...

Каталонскиот претседател во своето прво снимено обраќање до јавноста  откако е сменет од власт, побара од граѓаните  мирно и демократски да се спротивстават на мерките на Мадрид за одземање на автономијата на Каталонија.

Шшанската влада , освен Пуџдемон, го отпушти  и регионалниот шеф на полцијата, а  распуштен е и каталонскиот парламент.

И покрај генералниот став на земјите на ЕУ дека независноста на Каталонија е нелегитимна, во Финска веќе постојат барања да се признае новата држава. Британските медиуми пренесуваат дека известен Мико Карна, пратеник во финскиот парламент од Лапонија, најавил дека ќе поднесе предлог за признавање на Каталонија.

Translate »