ВМРО-ДПМНЕ победи во две, а СДСМ во девет општини

Повторно граѓаните гласаа фер и демократски избори и притоа одлучија дека се за промени, изјави пратеничката на СДСМ Ивана Туфегчиќ на вечерашната прес конференција.

– Првично, во овој втор круг од локалните избори, според првичните резултатити имаме победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Чашка и Штип – нагласи таа.

Според неофицијалните податоци ВМРО ДПМНЕ во овој момент има предност и слави победа во Кавадарци и Зрновци.

Translate »