Астролошка прогноза за 30-ти октомври

Астрологот Ивелина Рускова- Ова е ден за љубов!

 

Ден во кој се вклучува вселенската енергија на љубовта, божествените откровенија, прочистување на мислите, исполнување на молитвите, спокојството, победа на мудроста над умот и чувствата!
На овој ден, добро е да покажете милост и сочувство. Енергијата бара  да правите добри дела за вашите соседи. Убаво е да подарите подарок, да давате милостина, да се занимавате со добротворна организација, да исполните нечија молба, да покажете  сочувство кон оној кој има потреба.

Добар ден за љубов и брак.

Денот ќе започне со  длабоки чувства, сочувство и нежност. Вие самите  ќе бидете предмет на многу чувства и емоции и тие ќе бидат многу силни.

Ивелина Рускова, астролог
astroiva@abv.bg, 0888 99 057