Локалните избори донесоа промени во владата и во парламентот

Вчерашните локални избори донесоа големи промени во Македонија на локално ниво. Во поголемиот дел од општинте долг период владееше некогаш моќната сега опозициска ВМРО-ДПМНЕ.

Новите градоначкници ќе донесат промени во владата, но и во парламентот.

Миснистрите кои добија градоначалнички мандат се :

Висар Ганиу од ДУИ е градоначалник на Чаир, а претходно беше министер за образование

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, тој е новиот градоначалник на Гостивар, а до сега беше министер за здравство

Рамиз Мерко од Дуи го освои градоначалничкиот мандат на Струга, а досега беше министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

Во собранието ке има промени

Пратеничката група на СДСМ во парламентот ќе претрпи  промени откако градоначалници станаа на Скопје Петре Шилегов, на Карпош Стефан Богоев, на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Штип Благој Бочварски Куманово Максим Димитриевски, на Гевгелија Сашко Поцков, на Струмица Коста Јаневски.

Нивните пратенички места се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.

На  местото на Билал Касами од БЕСА, кој не успеа да ја освои градоначалничката функција во Тетово, доаѓа Неџбедин Каремани.

Не се знае кој ќе дојде на мсетото на Бардуљ Даути од ДПА кој беше кандидат за градоначалник на Тетово, следна на листата на ДПА во ИЕ 6 од каде доаѓа тој е Мерал Узаири Ферати, а зад неа Имер Алиу.

Чедомир Саздовски од ГРОМ меѓу двата круга го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе функционира како независен пратеник, а не како дел од пратеничка група на опозицијата.