Каталонскиот лидер во Брисел бара политички азил

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ја напушти Шпанија и замина во Брисел. Медиумите во Мадрид пренесуваат дека таму бара политички азил.
Во меѓувреме, шпанскиот јавен обвинител побара да се покренат обвиненија против членовите на каталонската влада поради “бунт” и предизвикување институционална криза. За вакви обвиненија следува казна затвор и до 30 години, исто колку и за терористички акт или убиство.

Меѓу обвинетите е и Карлес Пуџдемон.

Translate »