Ужасните семејни тајни на Кевин Спејси

Постариот брат на славниот актер открива дека Кевин Спејси, како малечок, со години бил сексуално злоставуван од нивниот татко, кој бил нацист.
-Мајка ми се знаеше , но ништо не правеше за да го запре тоа, раскажува Џефри Фоулер, кој ретко се среќава со својот познат брат.
Фоулер открива дека татко им се приклучил на Нацистичката партија во САД,  уште додека тие биле деца. Дома  тајно го викале ” чудовиштето” , бидејќи ги тероризал и бил брутален со нив.
-Брат ми е празна школка, оштетено човечко суштество, вели Фоулер.
-И јас самиот никогаш не можев да го надминам своето проклетo детство. Имам три брака зад себе, 40-тина врски . Деца никогаш не сум сакал да имам, бидејќи се плашам дека би можеле да го наследат генот на дедото – раскажува братот на Кевин Стејси, кој е професионален возач на лимузини и имитатор на Род Стјуарт.
Во меѓувреме, Нетфликс ја откажа новата сезона на серијалот ” House of cards”, поради скандалот со главниот актер Кевин Спејси, кој беше обвинет за сексуален напад врз малолетник направен пред триесетина години.

Кевин Спејси (9), лево , заедно со мајката, сестрата и братот
Таткото на Кевин Спејси

 

Кевин Спејси со брат му Рандал Фоулер

 

Кевин Спејси со мајка му , снимени во 1996 година
Translate »