Зошто рибата е здрава и колку треба често да ја јадеме

Многу малку во македонските домаќинства се јаде риба: Колку често треба да биде на нашето мени и која риба да ја избереме? Овде ќе се обидеме да одговориме на сите прашања поврзани со рибата.

 

Рибата е повеќекратно корисна за нашиот организам? Не само што повеќекратно содржи незаситени маснотии, кои се драгоцени сојузници во борбата против кардиоваскуларните заболувања, борбата против стресот и подобрување на концентрацијата, туку претствува и богат извор на минерални соли.. Рибата е богата со калциум, но тој воглавно е сконцентриран ви крлушките. Затоа е корисно од време на време во менито да ја уфрлиме и ситната риба која се јаде цела.

Дали е точно дека сите риби се немасни?

Процентот на маснотиите варира од вид до вид, а на негов основа се разликуваат немасни риби, со помалку од 2% на липиди (како бакалар, ослич, панга и сл.) малку масни, со 2-5% (аншоа, платика, сардина, пастрмка) полумасна која има од 5 до 10% липиди (ципура, сабјарка, туна, колеранг) и масна риба со над 10% (лосос, скуша, јагула).

Неодамна едно американско истражување покажа дека редовно консумирање на риба може да го намали ризикот од инфаркт дури за половина. Освен тоа, најверојатно е дека постои врска помеѓу консумирање на риба богата со омега 3 и депресијата: некои истражувања извршени на познатото списание Лансет, покажале дека маснотиите во рибата помагаат да мозокот подобро го користи серотонинот, хормон кој позитивно влијае на расположението.

Дали е подобра рибата уловена во море или онаа израсната во рибник?

 

Рибата растена во рибник е незначително помасна од примероците од истиот вид уловени во нивнат природна средина. Пример? Пастрмка од рибник во просек содржи 4,1% маснотии, наспроти 3% колку има дивата. Сепак, со оглед дека се работи за поткожни маснотии, доволно е рибата да ја испечеме или во рерна или на скара и на тој начин да се ослободиме од вишокот на липиди(или калории). Но исто така треба да се истакне и дека нутриционистите сугерираат исхрана со производи создадена во нашето поднебје. Така што рибата одгледана во рибници е секако поздрава од било кое месо!

Дали смрзнатата риба е помалку вредна од свежата?

На добро опремените рибарски бродови рибата се обработува за процесот на замрзнување веднаш по ловењето.

Додека бродот се врати на пристаниште на рибата и се вади главата, се вади внатрешнината, се чистат и потоа се ставаат во ладилник.

Од нутриционистички аспект, замрзнатата риба ги има истите нутритивни вредности како свежата само што не е толку вкусна.

Кои се правилата при чување на рибата?

Ако рибата е навистина свежа најдобро е да се јаде истиот ден кога е купена. Но, сепак тоа не е безусловно: ако се чува на соодветен начин, рибата може и следниот ден да задржи непроменливи нутритивни вредности.

Доволно е да биде херметички затворена и во ладилник, по можност да не е во контакт со други продукти, кои можат да влијаат на нејзиниот вкус и мирис.

Доколку немате намера да ја консумирате истиот ден, исчистете ја и складирајте ја во ладилник, по можност затворена во кеса за замрзнување. https://www.facebook.com/Restoran-Nota-118350904923631/ А добра риба секако се јаде во Дојран.

Дали лимунот е доволна дезинфекција?

Неколку капки лимун врз рибата или школките се корисни, но вистинска маринада (да се остават покиснати во лимунов сок 15 минути и подолго) уште позначително го намалуват површинскиот талог на бактериите.